2 350€

KYMCO AGILITY 16+ 50 2T

Краток опис на моделот

KYMCO е формиран далечната 1963 година со капитал од 10 милиони долари од страна на Јапонската HONDA.

  • во 1967 година е завршена управната зграда на KYMCO
  • во 1970 година е завршена првиот производствен погон
  • во 1977 година е завршен и  вториот производствен погон
  • до 1983 година е произведено 1.000.000 скутери
  • до 1988 година е прозведено 2.000.000 скутери
  • во 1991 година е завршен првиот KYMCO тест центар
  • до 1993 година се произведени  3.000.000 парчиња

Денес KYMCO е еден од најголемите светски производители на скутери , АТВ возила и моторцикли и има произведено над 7.000.000 парчиња. KYMCO ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет и е добитник на преку 30 меѓународни награди меѓу кои и  строгиот јапонски JIPM и TPM сертификати за врвен кваилтет на производите како и ISO 13485,ISO 9000 И ISO 9001 сертификати за беспрекорен дизајн на производите. Денес многу реномирани производители на скутери и моторцикли ги вградуваат напредните и издржливите агрегати на KYMCO.

Во 2006 година од страна на Тајванската влада ја добива наградата “GOLDEN TRADE AWARD 2006 “ како компанија со најголем придонес во извозот на оваа земја.

Денес KYMCO произведува возила во категорија од 50-700 ccm и има над 3.000 вработени. Свои претставништва има на сите континети и над 100 земји во светот. Самиот слоган на KYMCO , “Better than Best” или во превод Подобар од  најдобрите ни ја  прикажува целта што ја има  зацртано оваа реномирана марка.

KYMCO на нашиот пазар преку фирмата НОВ МОДЕЛ од Куманово е присутен од 1998 година. Денеска постои сервисно дилерска мрежа низ целата земја и е покриен скоро секој град низ државата. Скоро во сите продажни места е обезбеден сервис и резервни делови за сите модели од програмата на KYMCO.

За вложените пари ќе добиете најдобар квалитет, врвна услуга како и најголема гаранција што некогаш е дадена на овие простори за ваков тип на возила.

Сите модели од програмата на KYMCO имаат гаранција од 2 години или неограничен број километри.

Карактеристики
  • 12V полнач сместен во фиока
  • 16" предни и 14" задни алуминиумски бандажи
  • 5 степени на подесување на задна суспензија
  • LED осветлување на светла за позиција
  • Високо квалитетен издувен систем во спорт изведба
  • Високо квалитетен состав на АBS пластика
  • Држачи за две кациги сместени испод седиште
  • Елипсовидни ретровизори за подобра прегледност
  • Задни гуртни со дијаметар од 130 mm
  • Затемнет визир за заштита од ветер
  • Катадиоптери на предни амортизери
  • Кожно седиште во еден дел
  • Мат боја на пластики
  • Метален држач за раце за совозач во боја
  • Појачани централни ногарки за паркирање
  • Практично поставен резервоар за бензин испод рачки
  • Прегледна командна табла со дигитален дисплеј
  • Преден диск со дијаметар од 260 mm
  • Простор под седиште за една кацига и други ситници
  • Пространи метални газишта за нозе за совозач
  • Странична ногарка - штендер
  • Фиока за документи испод рачки за управување
  • Штоп и жмигавци ставени во една целина
KYMCO AGILITY 16+ 50 2T
Димензии 2050x735x1210мм
Тежина 114кg.
Изведба
Мотор 49.5 cm3/2Т-2.5kW
Ладење Воздушно
Сопирачки диск/гуртни-16“/14“

KYMCO - Слики

Информации за контакт

  • ул.Доне Божинов бр.202 1300 Куманово
  • Phone:
    +389 (0) 31 418 165
  • ПОН - ПЕТ 8.00 - 17.00, САБ. ДО 15.00

Побарај понуда

    [stmgdpr "Се согласувам со складирање и ракување со моите податоци од страна на оваа веб-локација."]
    Оваа веб-локација користи колачиња. Со притискање на ОК се сложувате вашите лични податоци да се користат како би се подобрило вашето искуство со прелистување.